еМагазин
Image default
Македонија

Трајанов за договорот Заев-Гаши: Се нарушува етничкиот баланс во Владата

Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз, еден од коалициските партнери на СДСМ за Фокус изнесува резерви кон договорот со Алтернатива за влез во Владата.

-Треба да го видиме договорот што е постигнат, но од она што беше јавно објавено, сметам дека непотребно е во договорот да се внесуваат судски предмети и нивна ревизија, како што е случајот „Монструм“ и други. Тие се завршени со правосилни пресуди, некои по повторени постапки, и безмислено е одново да се отворааат и преговараат, вели Трајанов во изјава за Фокус.

Воедно, тој вели дека фактот што сега во новата влада меѓу министрите може да има повеќе етнички Албанци отколку Македонци, според него, го нарушува етничкиот баланс предвиден и со Рамковниот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ЛДП прво чекаат Заев да ги информира за договорот со Алтернатива, па ќе одлучат дали го прифаќаат

ДУИ беше целосно информирана и координирана за разговорите Заев-Гаши, тврди Османи

Заев и Гаши се договорија: Алтернатива влегува во Влада, Филипче излегува

Фото: Демократски сојуз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата кои немаат компјутери ќе бидат приутни физички на часовите

Редакција

Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: СДСМ во благо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Новзаразени на возраст од 8 до 82 години: 28 нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци, 17 во Неготино

Редакција