Ниту еден од повредените припадници на Армијата во вчершната сообраќајна несреќа не е задржан во штипската Клиничка болница. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА изјави дека сите повредени се испратени на домашно лекување.
Според лекарите кои вчера ги прегледуваа 16 припадници на Армијата, возачите на автобусот и на комбито се со телесни повреди, вообичаени набиеници и скршеници.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова истакна дека сега ќе се чека да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.
Несреќата се случи вчера пред седум часот на патот Радовиш-Штип кај местото викано „Осми километар“, при судир на автобус и комбе. Припадниците на Армијата со автобусот патувале од Радовиш и Струмица, кон работните места во касарните во Штип и Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седумнаесет припадници на Армијата повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш
МИА