еМагазин
Image default
Локално

Притвор за 69-годишникот од Тетово осомничен за полов напад врз дете

Судија во претходна постапка денеска одреди мерка притвор за 69-годишник од Тетово како осомничен за кривично дело „полов напад врз дете“.

Тој вчеравечер беше лишен од слобода, затоа што околу 19:45 часот допирал по телото малолетничка од Тетово, негова сосетка.

-По лишувањето од слобода СВР Тетово поднесе кривична пријава до Обвинителството за основано сомнение дека сторил кривично дел по член 188 од Кривичниот законик.

Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, по изготвена и поднесена кривична пријава му определил мерка притвор од 30 ден, информираат од СВР Тетово.

Тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

69 – годишник од Тетово допирал малолетничка, негова сосетка

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три деца донесени на Детска клиника – на роденденска забава се напиле дизентал

Редакција

Со „бмв“ се забил во ѕид, тројца повредени

Редакција

Прилепчанка приведена поради нелегално поседување огнено оружје

Редакција