еМагазин
Image default
Локално

Притвор за штипјанец кој дома чувал „хеклер“, две пушки, три револвери…

СВР Штип поднесе кривична пријавa против М.Б.(45) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, информира МВР.

Од Судија на претходна постапка на М.Б. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено, на 03.01.2020 полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„Антон Панов“ во Штип, при што пронашле и одзеле автоматска пушка „хеклер“ кал.9×19мм, малокалибарска пушка непозната марка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ кал.9мм, револвер „гранд“ калибар 22мм, револвер „таурус“ и 1.119 парчиња куршуми од различен калибар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како помина првото издание на Фестивалот на македонскиот автомобилизам

Редакција

54-годишен маж загинал откако со камион удрил во заштитна ограда кај Демир Капија

Редакција

Велосипедистка од Полска тешко повредена по пад на патот Трпејца-Стење

Редакција