еМагазин
Локално

Притвор за Британец со потекло од Битола осомничен за продажба на дрога во градот

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, државјанин на Велика Британија по потекло од Битола, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Од Јавно обвинителство денеска соопштија дека осомничениот 33-годишник имал привремен престој во еден хостел во Битола и на 30-ти јануари неовластено набавил марихуана во вкупна нето маса од 24,68 грама.

„Дел од дрогата за износ од 500 денари тој му ја продал на едно лице, додека остатокот бил пронајден при претресот во неговата хотелска соба“, се појаснува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение определи притвор во траење до 30 дена.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во масовна тепачка во ромскиот дел на Злокуќани повредени неколку лица: Детали од МВР

Редакција

Шумски пожар во близина на туристичката населба Елен Камен покрај Радожда, проблем е ветерот

Редакција

14-годишно дете и двајца возрасни пронајдени мртви во импровизиран верски објект во неготинско

Редакција