еМагазин
Image default
Локално

Приведен бегалец од затвор баран со три потерници

На 13.04.2021 во 15.20 часот на ул.„Бoца Ивановска” во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Ќ.А. (29) од с.Арачиново, скопско, за кого биле распишани три Централни потерници од МВР на Република Северна Македонија, информира МВР.

„Тој бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Скопје, во врска со член 392 од Кривичниот законик за бегство од затвор за доиздржување казна затвор, по наредба на Основно јавно обвинителство за издржување притвор во врска со член 418 од Кривичниот законик, по наредба на Основен кривичен Суд Скопје, во врска со член 297 од Кривичниот законик и еден Централен распис од МВР во врска со член 372 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезна 13-годишно девојче од Штип

Редакција

(Фото) Како изгледа новиот булевар АСНОМ во Скопје, по кој ќе може да се вози од утре

Редакција

(Фото) Ресторан со пратечки содржини „никнува“ кај познатиот видиковец на Козјак

Редакција