еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Започнува чистењето на линданот од малата депонија во „Охис“: Ќе се извезува во Фрaнција и Холандија

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес го потпишa Решението за одобрување на планот за ремедијација на локалитетот на „Охис“ АД Скопје, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Имено, како што наведоа од Министерството за животна средина и просторно планирање, во изминатиот период ги спровеле сите подготвителни активности за финализирање на Планот за ремедијација со УНИДО и на меѓународен тендер избраната фирма „Полиеко“, за безбедно чистење и ремедијација на малата депонија со опасниот историски отпад линдан, како и за дефинирање на временската рамка на изведбените работи.

За разгледување и усогласување на Планот од страна на МЖСПП, министерот Нуредини формирал работна група и на вчерашната седница ја информирал Владата дека е подготвено Решение за одобрување на Планот со прилог на активности кои треба да бидат преземени од страна на фирмата изведувач, а во согласност со Законот за животна средина.

„Во постапката се издавање на две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на МЖСПП, согласно Базелска Конвенција – за во Франција каде ќе се извезе линданот и за во Холандија каде ќе се извезе контаминираната земја под линданот.

Според временската рамка предвидено е процесот на отстранување на дел од малата депонија, да заврши до почетокот на наредната годината доколку дозволат условите со пандемијата, при што би се отстраниле првите количини (700 тони) на почва контаминирана со HCH и чист HCH отпад“, наведоа до МЖСПП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

Владата одобри 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Алелуја: Објавен тендер за чистење на линданот во ОХИС, кој со децении ги труе Скопјани

Од ОХИС не труе само линданот: Има жива, пестициди, ПВЦ во прав и други отровни супстанци

Фото: Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест електромобили наменети за одржување на поголемите градски паркови

Редакција

Чај на соларна енергија се спремаше среде Вешје на 17 километри од Неготино 

Редакција

Загадениот воздух може да ги влоши симптомите на Ковид-19

Редакција