еМагазин
Image default
Локално

Приведен сопственик на кафитерија бидејќи не ги почитувал препораките за корона вирусот

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар вчера во Добридол го лишиле од слобода В.Џ.(57) затоа што при контрола спроведена со Државниот пазарен инспекторат во неговата кафетерија биле затекнати 12 гости.

Од МВР соопштија дека тој постапил спротивно на владината одлука и мерките и препораките за заштита од вирусот Ковид-19 и сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик.

В.Џ. е задржан во Полициска станица Гостивар и во текот на денот со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Целосна забрана за работа на кафетерии, барови, клубови, казина и обложувалници

Детален преглед: Прв сет економски мерки на Владата за ублажување на последиците од коронавирусот

Поради корона вирусот во Србија од денеска полициски час, забрането движење за сите, освен за полицијата и војската

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се запали автомобил во движење во Струмица

Редакција

Малолетници во Скопје силувале малолетник и тоа го снимале, а видеото го споделиле со неколку лица

Редакција

Велешанец се заби во бетонски ѕид со „Рено Кампус“

Редакција