еМагазин
Image default
Локално

Единаесет лица повредени во судар меѓу „Пунто“ и минибус во Прилеп

На 13.03.2019 во 22.10 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(54) од Прилеп и минибус „Мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.В.(30) од Прилеп, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Д, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.Ј.(44) од Прилеп и уште девет патници во минибусот. На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните да ги платат сметките за данок на имот за 2019 и 2020 година, оти Град Скопје ќе им ги блокира сметките во банка

Редакција

Општина Охрид го осуди инцидентот помеѓу советниците: Тоа не доликува на избраници на граѓаните

Редакција

Девојчето кое почина од струен удар во Илинден имало 14 години: Детали од Обвинителството

Редакција