еМагазин
Image default
Локално

Приведен сопственик на угостителски објект од тетовско, бидејќи не го почитувал работно време

На 02 декември околу 22 часот, во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект.

„При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното работно време, а во него биле затекнати 6 гости.

З.А. е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здрaвствени прописи за време на епидемија“,“ велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјотрес ги вознемири граѓаните на Прилеп

Редакција

Владата додели три милиони евра на Град Скопје за изгрaдба на „Качанички пат“ во Визбегово

Редакција

Чии се човечките коски пронајдени кај кочанско Оризари?

Редакција