еМагазин
Image default
Локално

Приведен велешанец кој украл „бмв“ во Скопје, возилото вратено на сопственикот

На 10.02.2021 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес, затоа што при контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.Б. на магистралниот пат Велес – Штип, во близина на населбата „Три чешми“, било констатирано дека возилото на 09.02.2021 било одземено на подрачјето на СВР Скопје и е во сопственост на Џ.З.(46) од с.Зелениково, скопско, соопшти МВР.

„Возилото било одземено и вратено на сопственикот, а М.Б. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, по чие документирање ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Батинци било пукано во браќа, од кои едниот почина, мотивот непознат

Редакција

Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Абази поднесе оставка

Редакција

Полицијата заплени 23 килограми марихуана кај Ресен, едно лице во бегство

Редакција