еМагазин
Image default
Локално

Приведени две момчиња за уценување на 19-годишна девојка со објава на компромитирачки содржини

По добиена пријава од 19-годишна девојка дека била уценувана од две лица да им даде пари за да не објават компромитирачки содржини за неа, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера ги приведоа А.С. (19) и Е.Н. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.

„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, по што веднаш се приведени А.С. и Е.Н. и кај нив се пронајдени докази за стореното кривично дело. Против нив до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца турски државјани со пасоши барани од Интерпол приведени на ГП Богородица

Редакција

Му се заканувал на адвокатот на сопругата поради бракоразводна парница

Редакција

Починал по пад во шахта

Редакција