еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведени уште две лица за напад врз полицијата на 5 јули пред Собранието

Приведени се уште две лица и против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лишила од слобода Д.Ј. (32) и С.Ј. (18) од Скопје и во соработка со Основното јавно обвинителство Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

– Тие се сомничат дека на 5 јули 2022 околу 21 часот, за време на одржување ненајавен јавен сoбир организиран преку социјални мрежи, започнале да фрлаат камења и разни други предмети кон полициските службеници и зградата на Собранието. Против нив се обезбедени сите докази, по што се изнесени пред судија на претходна постапка, информира МВР.

Министерството наведува дека СВР Скопје продолжува со преземање мерки и активности за идентификување на сторители на кривични дела за време на протестите и обезбедување докази против нив, по што заедно со кривичните пријави против нив ќе бидат приведени и изнесени пред надлежен јавен обвинител и пред судија на претходна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На членовите на УО на Стопанска банка Скопје лани исплатени 29,7 милиони денари

Редакција

Села се сретна со Ковачевски и даде подршка за „францускиот предлог“

Редакција

Кој е и колку е богат Виктор Орбан, пријателот на Груевски

Редакција