На 28.12.2018 година околу 20.00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улицата “Боемска“ бил нарушен јавниот ред и мир од страна на три лица кои нуделе балони, информира МВР.
Откако гостите И.В. (29), А. Б. (43) и А. Х. (42) им кажале на лицата дека не се заинтересирани, побарале од персоналот во објектот да ги отстрани лицата, што и било направено.
Но, по кусо време лицата се вратиле, при што едно од нив влегло во објектот и со секира ја оштетило вратата од објектот, а потоа почнале со столици да фрлаат кон гостите. Напаѓачите по кратко време го напуштиле објектот, но по интервенција на полициските службеници биле приведени двајца од тројцата напаѓачи во Полициската станица Центар.
Притоа, констатирано е дека се работи за лицата Д. Д. (25) и С. Д. (43), двајцата од Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.