еМагазин
Image default
Локално

Продолжен притворот за двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка

Продолжен е притворот на двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон.

Портпаролот на Основен суд-Штип, Катерина Миленкова-Трајчева изјави дека на двајцата им е продолжена мерката притвор од 30 дена. Предметот е веќе распределен кај судија, кој во најбрз рок ќе го закаже и судското рочиште.

Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски рече дека вчера го доставил обвинителниот предлог за продолжување на мерката притвор се до донесувањето на пресуда од страна на Судот.

Двајцата насилниците се обвинети за сторено кривично дело „насилство“, а казната за вакви дела се движи од шест месеци до пет години затвор.

Видео материјалот беше објавен на социјалните мрежи на 2 април, кој молскавично се ширеше, а јавноста најостро го осуди настанот. Со жртвата работат тимови на Центарот за социјални работи и НВО „ЕХО“-Штип

МИА

Осумдневен притвор за двајцата штипјани кои тепаа девојка

Побаран притвор за двајцата насилници од Штип, кои крвнички тепаа девојка

Детали од МВР за случајот со девојката од Штип која беше тепана и малтретирана од двајца мажи

Приведени двете лица кои крвнички тепаат девојка во Штип пред камера

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје трет ден блокирано од приватните автобуски превозници

Редакција

(Галерија) Како во бајка: Каква е новогодишната атмосфера во Струга

Редакција

Притвор за 25-годишното момче за убиството на старицата од Струмица

Редакција