еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Таргет -Тврдина”

Со презентација на нови сведоци денеска во Кривичен суд Скопје е предвидено да продолжи судскиот процес за случајот „Таргет -Тврдина”.

Изминатиот период со исклучок на 3. ноември рочиштата за овој предмет беа одложени заради здравствената состојба на обвинетиот Сашо Мијалков, кој беше позитивен на Ковид-19.

На последното рочиште за главниот предмет за незаконоското прислушување беа изведени материјални докази од страна на Обвинителството.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеникот на СДСМ Томислав Тунтев си поднесе оставка

Редакција

Антикорупциска: Артан Груби го прекршил кодексот за однесување на носители на јавни функции

Редакција

„Титаник 2“ одложен за 3 декември, ќе се презентираат материјални докази

Редакција