Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.
“01.09.2021. Во Битола, како и на државно ниво (но со мало задоцнување) исто така е достигнат врвот на летниот бран на епидемијата.
За неколку дена би требало да помине и врвот на бројот на активни и хоспитализирани случаи, но искачувањето ќе биде многу мало, речиси одвај забележливо (сината линија на третиот дијаграм).
Благодарение на масовната вакцинација, особено кај постарите од 60 години, врвот на смртноста е неспоредливо помал од претходните врвови.
Во Битола сé на сé починале 6 лица во овој бран (морталитетот е прикажан на четвртиот дијаграм).
Секој човечки живот е непроценливо скап, но во споредба со 476 починати на државно ниво, може да се каже дека поминавме релативно добро“, пишува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проценки на доктор Даниловски за есенско-зимскиот бран на Ковид-19: „Догорува сѐ што беше за горење“
Анализа на Проф. Трајковски покажува колку вакцинацијата има влијание за смртноста од Ковид-19
Фото: Трајковски/Фејсбук