еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Најголема е користа од вакцинација на претходно непрележани лица

Професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија, сподели научен труд (ncbi.nlm.nih.gov), а оваа според него се најважните се два заклучоци од истиот.

“Вакцините се ефикасни во спречувањето тешка форма и смртен исход од Ковид-19, но заштитата од природниот имунитет кај прележаните е најмалку еквивалентна со ефективноста на вакцините кај целосно вакцинираните, а претходно непрележани („наивни“) лица.

(Моја забелешка: цената на стекнувањето природен имунитет со прележување е ризикот од смртен исход, моментално 6,7 пати поголем отколку кај вакцинираните).

Постои извесна, скромна релативна корист од вакцинирање на прележаните (релативно намалување на ризикот), меѓутоа нето корисноста е маргинална на апсолутна основа. Затоа, како што заклучуваат авторите, вакцинирањето на прележаните лица треба да биде прашање на клиничко одмерување и лична преференција.

Поинаку кажано, најголема е користа од вакцинација на претходно непрележани лица.

(Втора моја забелешка: трудот не кажува ништо за долготрајниот ефект од хибриден, односно суперимунитет што се постигнува со вакцинирање на прележаните. Тоа би требало да го следиме во наредниот период)“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Благодарение на вакцините се спасени околу 5.700 животи, можеа да бидат уште 2.100 од починатите

Проф. Трајковски: Броевите на хоспитализации и на смртни случаи ги достигнаа своите врвови

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладиот на 35-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа седум лица

Редакција

Бугарија договара со Грција поставување на спомен-плоча на Гоце Делчев во Баница, каде што беше убиен

Редакција

Тендер „тежок“ 10,7 милиони евра: Министерството за здравство купува вакцини

Редакција