еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски за третата доза од вакцината „Фајзер“: „Потребно е повремено поткревање на количеството на антитела“

Проф. Дејан Трајковски во последната анализа на Фејсбук, пишува за намалувањето на антителата и потребата од трета доза за вакцината „Фајзер“, чиишто производители, побараа дозвола за нејзино аплицирање и на трета доза.

„За да бидам до крај чесен и непристрасен во анализите, сега ќе видиме колкаво е намалувањето на титарот на антителата кај вакцините на „Фајзер“, според моделот на австралиските научници.

Како појдовна вредност ќе ја земеме стапката на ефикасност против симптоматски ковид од 64%, колку што измериле израелските научници по избувнувањето на сегашниот бран на делта сојот.

Ова намалување претставува резултат на вкупното намалување на титарот на антителата под влијание на два фактори: прво изминатото време од имунизацијата и второ намалувањето поради новиот, изменет сој. на вирусот. Од трудот ги користиме дијаграмите на сликите 2 а,c, прикажани на сликата долу.

Бидејќи во Израел вакцинацијата воглавно е завршена уште во март, ќе земеме средно време од вакцинацијата од 108 дена, односно поради едноставност еден временски интервал на полураспад на антителата.

Од 64% процентната ефикасност денеска, 108 дена по вакцинацијата, од првиот дијаграм графоаналитички ја определуваме иницијалната ефикасност на вакцината на „Фајзер“ против делта сојот, која важела непосредно по имунизацијата (поточно две недели по втората доза), која одговара на линијата на 78% ефикасност.

Ова би била ефикасноста на вакцината на „Фајзер“ против делта сојот, пред да започне нејзиното слабеење со текот на времето.

Од вториот дијаграм, пак, со оваа почетна ефикасност против делта сојот и почетната ефикасност против „дивиот“, вухански сој го определуваме намалувањето на титарот на антителата поради промената на сојот.

Пресекот се наоѓа на црвената линија, која одговара на намалување на неутрализацискиот титар од 3 до 3,5 пати, односно практично исто како и во случајот на вакцината на „Синовак“.

Да се потсетиме, нивниот портпарол изјави дека намалувањето кај нивната вакцина изнесува 3 пати.

Во случајот на вакцината на Фајзер, која што дава 12-15 повеќе неутрализирачки антитела, отколку вакцината на Синовак (дијаграмот на сл. 1 во трудот, што не е прикажан тука), иако падот е голем, имало што и да остане.

Да се потсетиме, кај дивите соеви „Фајзер“ дава 2-2,5 пати повеќе неутрализациски антитела отколку кај конвалесцентите, додека „Синовак“ дава 5 пати помалку отколку кај Конвалесцентите, што дава ефикасност одвај над прагот, а во случајот на делта сојот, а особено со текот на времето прилично под него.

Така доаѓаме до барањето на компанијата „Фајзер“ за давање на трета доза, која треба да послужи како засилувач („бустер“) на антителата. Истото решение ќе се користи и кај „Синовак“ и останатите вакцини, но ова ќе го разгледаме во посебен пост.

Идејата е дека во телесните течности мора да има во секое време доволно неутрализирачки антитела коишто би биле спремни да спречат инфекција и симптоми.

Ако дозволиме антителата да опаднат под нивото за заштита, тогаш зависиме само од Б-лимфоцитите (мемориските клетки), на кои што им требаат неколку дена да доведат до пораст на антителата.

Тоа ќе спречи развивање на тешки симптоми, но нема време да спречи инфекција, па и послаби симптоми – едноставно нема спремни антитела, за што треба повеќе време.

Но и тоа време (под 7 дена) е пократко отколку кај невакцинираните и непрележаните лица, каде се потребни 7-21 (средно 15 дена) за развивање на антитела, а во меѓувреме болеста може да направи страотни оштетувања. Значи, се работи за трка со времето.

Вакцинираното лице ем побргу, ем многу повеќе (за стотина пати) развива неутрализирачки антитела отколку невакцинираното.

Да заклучиме, дури и со постоечките вакцини решението е она што го понудиле „Фајзер“ и „Синовак“, давање трета доза.

Ова би било и објаснување до антиваксерите дека не се работи за тоа дека некој „измислува и пушта вируси“ само за да „се трошеле вакцините“, туку е потребно повремено поткревање на количеството на антитела во телесните течности, за да биде организмот имун и на заразување, освен на тешка форма на болеста,“ пишува Трајковски.

Инаку, Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светска здравствена организација (СЗО) рекоа дека се уште нема доволно испитувања за тоа дали ќе биде потребна трета доза на вакцина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Нон сенс е Грците нас да не тестираат каде што нема делта сој, а ние да немаме мерки за патниците од таму

Грција ги заострува мерките на границите: Бидете подготвени на се почести тестирања по случаен избор

Нема одлука за рестриктивни мерки на границите, акцент се става на вакцинирањето, рече Филипче

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Германскиот претседател Штајнмајер пристигна во Скопје, во својата прва официјална посета на Македонија

Редакција

Беживотно тело на исчезнато 16-годишно момче најдено во реката Пена кај Бањиче 

Редакција

Досега попишани 1.760.194 лица во Македонија и 201.247 од дијаспората

Редакција