еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: „Се намалува преносливоста на омикрон сојот, врвот ќе се достигне следните десетина дена“

На државно ниво, преносливоста на омикрон сојот се намалува, во многу земји веќе е достигнат врвот, што значи дека има шанси и за нас во следните десетина дена, вели проф. Дејан Трајковски во неговата најнова анализа за ковид-состојбата во земјава.

„Од друга страна, стапката на позитивни тестови сé уште забрзано се искачува и денеска надмина 30%. Можно е ограничениот број на тестирања да ни дава многу искривена слика, но во понеделник, со објавувањето на бројот на хоспитализираните ќе добиеме поточна претстава.

Доколку стапката на хоспитализираност продолжи да се намалува (или барем остане иста), тоа би значело дека сепак со тестирањата држиме каков-таков чекор и дека со помош на бројот на новозаразени можеме да го предвидуваме трендот.

Утре или во сабота ги очекуваме податоците за вакцинираните, поточно нивното учество во бројот на новодијагностицираните и починатите. Претходната недела не беа објавени податоци, а истите ќе ни беа дргоцени, затоа што преку падот на ефективноста на вакцините против заразување (слично како што видовме пред неколку дена кај падот на ефективноста од прележувањето) ќе добиевме подобра претстава за нивното дејство против омикрон сојот.

Не треба да се изненадиме во сабота ако ефективноста на вакцините против заразување од 13% опаднала на 0% во овие две недели. Но, многу поважна ќе биде ефективноста на вакцините против смртен исход.

Да се надеваме дека барем таа нема многу да се намали, иако гледаме дека леталитетот и морталитетот во целата популација последниве две недели се многу намалени (моментално леталитетот изнесува само 1,18%),“ пишува Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Против oмикрон сојот, ниту вакцините ниту прележаноста не даваат заштита од заразување, додека и двете даваат солидна заштита од смртен исход

Проф. Трајковски: Сите коишто прележале пред јуни 2021 година, се потенцијални жртви на заразување со новиот омикрон сој

Доктор Пановски: „Тргнете ги сертификатите, одложете ја школската година за две недели, нека биде со физичко присуство и без маски“

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„A дивите „тераси“ звани галии во Вардар, кога ќе ги рушат“: Твитер реакции за најавата за рушење на тераси на 20 кафе барови, гостилници и ресторани

Редакција

ЕСМ следната недела ќе го преземе управувањето со БЕГ и топлификација Скопје Север

Редакција

Не само Бугарите, туку и Австрициите, Романците… ќе ги ставиме во Уставот, најавува Заев

Редакција