Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, вкупно, во август 2023 година, во однос на август лани, е помал за 4,3%.
Вкупниот промет во индустријата, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 13,3 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во август годинава, во однос на јули, пак е намален за 5,4%, додека во периодот јануари – август 2023 година, споредено со истиот период лани, бележи раст од 3,7%.
На домашниот пазар, прометот во индустријата во август 2023 година, во однос на август 2022 година, има раст од 1,3%.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар, бележи пораст кај Капитални производи за 63,9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,3 %.
Во август годинава, во однос на претходниот месец, пак, е забележано намалување од 3,4%, а во периодот јануари – август 2023 година, во споредба со лани има раст од 2,2%.
Прометот во индустријата на странските пазари, во август 2023 година, во однос на август 2022 година, е намален за 6,6%.
Според главните индустриски групи, раст се бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 13,9 %.
Прометот во индустријата на странските пазари, во август 2023 година, во однос на јули 2023 година, е намален за 6,4%, а во во периодот јануари – август, во споредба со истио период лани бележи раст од 4,1%.
Фото: Unsplash