еМагазин
Image default
Бизнис

Прометот во индустријата во јули зголемен за 10% во однос на лани

Прометот во индустријата, вкупно, во јули годинава во однос на јули лани е зголемен за 10 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 39,2 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,9 проценти, а опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,1 процент.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули во однос на јуни годинава е намален за 13,6 проценти, додека во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период лани е зголемен за 16,4 проценти.

Податоците на ДЗС покажуваат дека прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули годинава во однос на јули лани е зголемен за 3,4 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 процент, а опаѓање кај Капитални производи за 26 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,5 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули во однос на јуни годинава е намален за процент, а во периодот јануари – јули година, споредено со истиот период од минатата година е зголемен за 13 проценти.

Како што регистрира ДЗС, кај прометот во индустријата на странските пазари, во јули година, во однос на јули лани има зголемување од 12,2 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јули годинава, во однос на јули минатата година, бележи пораст кај Капитални производи за 40,7 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 19,6 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2022 година, во однос на јуни 2022 година, е намален за 17,5 проценти, а во периодот јануари – јули 2022 година, во однос на периодот јануари – јули 2021 година, е со зголемување од 17 проценти.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од ЗК Пелагонија

Редакција

Зголемна цената на Ел-1 горивото согласно Уредбата за изедначување на акцизата со дизелот

Редакција

Во две блок трансакции продадени акции од „ЗК Пелагонија“ за 374.000 евра

Редакција