еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Промоција на „Колку убав погреб“ и „Животот е краток и нејасен“

Утре, 31.10.2020, со почеток од 19 часот, во Umbrella (ГТЦ, Скопје) ќе се одржи промоција на двете нови книги на Марјан Анѓеловски, романот „Колку убав погреб“ и драмата „Животот е краток и нејасен“.

Двете книги се поддржани од Министерството за култура на Република Северна Македонија, како проекти од национален интерес од областа на литературата и
издавачката дејност за 2020 година.

„Колку убав погреб“ е роман кој зборува за животот на бездомникот Ангел, кој живее од смртта на другите, хранејќи се од погреб на погреб. Ангел, на еден погреб, ќе ја запознае девојката Марија и нивните животи ќе се променат засекогаш …“

„Колку убав погреб“, ќе воскликне девојката Марија, а спроти неа, ќе го здогледа и запознае момчето кое живее од смртта на другите, што јас го толкувам како авторска мајсторија во преплетувањето на реалнота со имагинацијата и уште една победа на љубовта.“
Љупчо Силјановски, писател, рецензент на двете книги.

„Животот е краток е најсен“ е сатирична драма, која ни ја претставува Македонија од иднината. Како Македонецот би се однесувал во една нормалана, средена и богата држава? Што е она што не враќа назад? Футристичка фарса, за едно труло општество – систем на загубени вредности, општествено уредувње водено од хомофоби и партиски лумпен активисти, систем кој го разоруваат национализам, меѓуетнички конфликти и убедувања.

„Животот е краток и нејасен„ е мошне инспиративен драмски текст што пред секој негов иден режисер ќе ја постави вечната загатка „Кои сме и каде одиме?“, Љупчо Силјановски, писател.

Марјан Анѓеловски е автор кој пишува и настапува низ земјава и низ Балканот со хумор, сатира и театарски претстави, а работи и како сценарист во тв-емисии. Автор е на книгите „Македонијо, off мори мајко“, „Го силувавме ежот“, како и коавтор на книгата „Три ем“. Како сценарист има работено во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“. Добитник е повеќе домашни и меѓународни награди, меѓу кои и наградата „Млади Типар“ за најдобар млад сатиричар на поранешните ју-простори во Пљевља – Црна Гора (2017 год.).

Промотори на книгите ќе бидат Снежана Стојчевска и Денис Бојаров, а со свој читачки и театарски перформанс настанот ќе го збогатат актерите: Јасмин Рамани, Огнен Велевски, Петра Ивановска, Сара Николовска и Елена Ѓорѓевска.

Настанот ќе биде организиран согласно сите протоколи за заштита од Ковид-19.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во конкуренција од 3.942 решенија: Македонското студио OmniCreative со златна награда за дизајн на пакување на MUSE Design Awards во Њујорк

Редакција

Бигорски го посетија околу пет илјади верници за Христовото Воскресение

Редакција

Едвај ја чекаме Атиџе на црвениот килим: „Оскарите“ може да ги гледате на телевизија „Телма“

Редакција