Шеесет и седумгодишниот кумановец по кого трагаше и семејството и полицијата е пронајден мртов во нива во населбата, на телото нема траги на насилство, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера во 12:32 часот во СВР Куманово, Д.С. од Куманово пријавил дека пронашол починато машко лице додека извршувал земјоделски работи на нива во населбата Карпош.
„Од страна на лекар било утврдено дека на телото на починатиот нема траги на насилство, а по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.М.(67) од Куманово за кого на 15 февруари годинава во СВР Куманово беше пријавено дека се оддалечил од домот“, соопшти СВР Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на семејството.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.