еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пропадна владината еврообврзница од 600 милиони евра

Целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда, информираат од Министерството за финансии (МФ).

-Веднаш по изборот на новиот министер за правда ќе се одржи нова аукција.

За ова банките-агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики, соопштија од Министерството за финансии.

Оттаму потсетуваат дека согласно процедурата за избор на нови министри во Владата, Собранието на 13 февруари 2023 година прими оставки од четворица министри, меѓу кои и министерот за правда, кои се прифатени од Собранието.

– Законски, за издавање на еврообврзницата, потребно е мислење на министерот за правда, кој е меѓу министрите кои поднесоа оставки до Собранието, истакнаа од МФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Издадена деветта еврообврзница во износ од 600 милиони евра за отплата на стари долгови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мак строј“ го доби тендерот на Министерство за здравство за изведба на бункер за нуклеарна медицина во Штип вреден 359.000 евра

Редакција

Бугарката Кристалина Георгиева останува на чело на ММФ

Редакција

(Фото) Голем пожар ја зафати Гоцева шума кај Неготино, испратен авион на ДЗС за гаснење

Редакција