Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај годинава изнесува 36.465 денари и во однос на мај лани е зголемена за 16,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 проценти), Стручни, научни и технички дејности (21.4 проценти) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 проценти).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 проценти), Стручни, научни и технички дејности (5 проценти) и Транспорт и складирање (4,3 проценти).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 54.675 денари.