Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари и во однос на просечната плата во март лани е повисока за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март годинава изнесува 52.318 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,8 проценти), Образование (15 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,9 проценти).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14,6 проценти), Преработувачка индустрија (6,4 проценти) и Уметност, забава и рекреација (5,4 проценти).