еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата во август 31.871 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во август годинава, изнесувала 31.871 денари и е за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната плата во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, забава и рекреација (15.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и Рударство и вадење на камен (3.1 %).

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Архитектите презентираа инспиративни решенија за нов современ изглед на некогашниот бисер на охридската ривиера – хотелот Палас

Редакција

Неоправдано и неприфатливо е трошокот за ПЦР тестовите на оние што не сакаат да се вакцинираат да го платат работодавачите, велат од Организација на работодавачите

Редакција

„Брако“во 2022: План за нови вработувања и проектиран раст од 35%

Редакција