еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Протесна нота од бугарското МНР за избодениот бугарски навивач, МНР соодветно ќе одговори, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање дали е примена дипломатска нота од Бугарија по вчерашните случувања пред фудбалскиот натпревар Шкупи-Левски, рече дека Министерството за надворешни работи е тоа коешто ги прима нотите и дека соодветно ќе биде одговорено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските навивачи провоцираа во Чаир, вели Спасовски

– Тоа што вчера се случи беше резултат на хулигани и луѓе кои немаат никаква врска со спортот и од едната и од другата страна. Министерството за надворешни работи ги прима нотите и соодветно ќе одговори на бугарската нота, изјави Ковачевски.

Според премиерот, фудбалот и кој било друг спорт треба да се остави на спортистите и на вистинските навивачи, не на хулиганите.

-Ако ги погледнете вестите на агрегаторите на вести, тогаш ќе видите се, освен колку бил резултатот на натпреварот. А, фудбалерите се дојдени да играат фудбал, заради вистинските навивачи. Тоа што вчера се случи беше уште еден доказ дека фудбалот и кој било друг спорт треба да се остави на спортистите и на вистинските навивачи, а не на хулигани кои потоа ги има на сите вести.

Никој не зборува кој фудбалер како играл, туку сите зборуваат кои се тие хулигани кои се тепале меѓу себе, а повредиле и полицаец, на кој благодарение на докторите, повредата му е санирана и е пуштен на домашно лекување, рече Ковачевски, кој присуствуваше на поставување камен темелник на Полициската станица од општа надлежност Аеродром.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските навивачи пред нападот вербално се расправале со случајни минувачи во Чаир: Детали од Обвинителството

(Видео) Бугарски навивачи ја нападнаа полицијата на стадионот „Тодор Проески“, има и уапсени

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и Грција заеднички ќе ги промовираат туристичките потенцијали

Редакција

Почувствуван земјотрес во јужните делови на земјава

Редакција

Филипче: Да не се излегува надвор и во овој период, без некоја голема потреба

Редакција