еМагазин
Image default
Македонија

Протест на ВМРО – ДПМНЕ со блокада пред Владата и МНР

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест со блокада на Владата и Министерството за надворешни работи, почнувајќи од 12:30 часот завршувајќи во 14:00 часот.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев и тој јавно да каже за што тајно се преговарало овој викенд во Софија.

-Денес е време на историски моменти. Денес се моменти кога се одлучува за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ бара од Зоран Заев јавно да каже за што тајно се преговараше овој викенд во Софија. Заев продолжи за најважните работи да молчи и преговорите за идентитетот, јазикот историјата ги крие од јавноста, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ повикува денеска граѓаните масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност да се приклучат на протестите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото-галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше во 11 градови: Утре блокада на Скопје

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британскиот амбасадор Лосон: Нема потреба да дебатираме дали постои македонскиот јазик

Редакција

Левица бара оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Џафери, оти во Европскиот парламент се обрати на албански

Редакција

Нови 57 случаи на Ковид-19, оздравени 90, двајца починати

Редакција