еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Протестите на „Ивент индустријата“ ставени во мирување, в четврток на средба со Битиќи

Претставниците на „Ивент индустријата“ кои три дена протестираа пред Владата денеска добиле покана од вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи да се сретнат и да разговараат за изнаоѓање решенија за помош на овој сектор.

Асоцијација ИВАП попладнево соопшти дека средбата со Битиќи е закажан за в четврток во Владата во 10 часот.

Наведуваат дека заради желбата за прогрес и изнаоѓање на прифатливо и одржливо решение за помош, од утре протестите ќе ги стават во мирување. Нивното повторно обновување ќе зависи од текот на разговорите и од евентуалното решение кое ќе биде постигнато.

Организаторите на протестите на „Ивент индустријата“ велат дека се свесни за економската состојба на државата, но укажуваат оти тие се една од најзагрозените гранки како последица на корона-кризата, и затоа бараат поголема помош и поддршка од Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанската комора апелира пратениците во текот на денот да ги донесат законите од петтиот пакет мерки

Редакција

Објавен Првомајски проглас: Товарот на пандемијата падна на грбот на работниците, богатите продолжија да се богатат

Редакција

Сите детали: Град Скопје го објави јавниот повик за субвенции за купување инвертер клима уреди

Редакција