Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска се одржа првата конститутивна седница на Советот за безбедност. За сега нема официјални информации кои биле темите за кои се разговарало.
Националниот Совет за национална безбедност го сочинуваат девет члена. Покрај шефот на државата, по функција членови се и претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за надворешни работи Никола Димитров и за одбрана Радмила Шекеринска.
На предлог на претседателот Пендаровски, дел од ова советодавно тело се и професорото и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски, професорот на УЈИЕ, Ветон Љатифи и професорот од Правниот факултет при УКИМ, Ненад Марковиќ.
Советот разгледува прашања во врска со безбедноста и одбраната на државата и дава предлози до претседателот, Собранието и Владата. Советот го раководи шефот на државата.
Фото: Кабинет на претседателот