еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Првиот маркет на Лидл во Македонија ќе биде во Скопје на местото на Бриколаж?

Порталот Фактор објави дека германскиот трговски синџир Лидл ја купил локацијата на Бриколаж од компанијата Скопски пазар, на која треба да се отвори првиот маркет на германската компанија.

Скопски пазар, кој котира на Македонската берза се уште не потврдил за ваква зделка, па се очекува наредните денови да се дознаат повеќе детали, бидејќи компанијата има таква обврска.

Засега нема потврда и од Лидл.

За влезот на Лидл во Македонија преку бугарската ќерка фирма се зборува веќе неколку години, а според најавите трговскиот синџир треба да отвори маркети во осум градови низ Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Логистичкиот центар на „Лидл“ во Македонија ќе биде во Куманово?

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркет во Кисела Вода – во опција се неколку локации, но и отворање на регионален центар

„Лидл“ во Македонија ќе отвори маркети во осум градови

Фото: Лидл/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера изгаснати 32 пожари, активни се два

Редакција

Откако го избраа Абази, министерот Тупанчески најави построги критериуми за избор на шеф на ОЈО ГОКК

Редакција

Малку посвежо денеска и утре, од вторник повторно многу топло

Редакција