Министерство за здравство денеска информираше дека од Валандово има прв случај на заболен од корона вирусот.
Градоначалникот Перо Костадинов, на неговиот Фејсбук-профил информираше дека лицето коешто е позитивно на Ковид-19 од општина Валандово, моментално е на лекување на инфективното одделение во Општа Болница во Битола.
Истото, веднаш по враќањето од странство, е спроведено во државен карантин, кадешто и ги покажува симптомите.
„Да продолжиме да бидеме внимателни и дисциплинирани, доследно почитувајќи ги превентивните мерки и препораки од страна на Министерството за здравство. Општина Валандово во соработка со надлежните институции продолжува да ги превзема сите неопходни мерки за заштита од Ковид-19.
Апелирам, да бидеме емпатични и да го избегнеме непотребното создавање на состојба на паника. На инфицираното лице му посакувам брзо и лесно оздравување,“ напиша Костадинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 1.259 заразени од корона вирусот: Нови 28 случаи, најголем број во Скопје и Прилеп
Почина 51-годишен пациент од корона вирусот кој од 9 април бил во тешка состојба
Фото: Општина Валандово