На 22.10.2018 година во 23,35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Ш.А. пријавил дека во с.Батинци, додека неговиот брат Р.С.(36) се движел со патничко моторно возило „БМВ Х5“, од непосредна близина на гробиштата во с.Батинци неколку лица, од кои двајца Р.С. познавал – З.Н. и Б.Б. и со кои предходно имал нерасчистени односи, пукале кон неговото возило, а потоа избегале, информира МВР.
Повредени лица нема. На местото на настанот извршен бил увид и се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.