еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев: Владата на Петков да не отстапува од бугарскиот национален интерес во однос на Македонија

Очекувам бугарската Владата строго да се придржува до Декларацијата на Националното собрание на Бугарија, консензусот постигнат на Консултативниот совет за национална безбедност и на волјата на Бугарите за решавање на отворените прашања со Скопје пред почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската унија, изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев.

– Ставот на Бугарија за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија се базира на резултати, а не на рокови и услови наметнати од странство. Секое отстапување на Владата од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова владина криза, нагласи Радев при промоцијата на иницијативата „Да засадиме дрво, да ја оживееме бугарската шума“.

Според Радев, советниците на бугарскиот премиер Кирил Петков никогаш не треба да ги оквалификуваат „македонските Бугари како малцинство“, бидејќи тоа може да го уништи целиот процес на европската интеграција на Република Северна Македонија.

МИА/Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложена оценката на обвинението за организаторите на настаните од 27. април

Редакција

Продолжува раст на угостителските услуги: Во април повисоки за 4,4%

Редакција

Вкупно 5.042: Од Ковид-19 починаа 26 лица

Редакција