еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

За градоначалникот на Благоевград, македонскиот клуб е канцеларија и не е легитимен

Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов во врска со вчерашните случувања околу отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, за БНТ изјави дека е важно што се поминало мирно и без нарушување на јавниот ред во градот, јавува дописникот на МИА од Софија.

Стојанов не очекува нови тензии. Според него, Благоевград е многунационален град во кој живеат и живеат луѓе од различни националности како една заедница меѓу себе. Така да не очекува никакви нарушувања на состојбата во таа насока.

Илко Стојанов коментира дека македонскиот клуб е нелегитимен, бидејќи не е во согласност со Законот за организација на територијата на Бугарија и додаде дека тој повеќе е канцеларија во која се собираат луѓе на приватна основа.

Според Стојанов, клубот не треба да го носи името на Никола Вапцаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот клуб во Благоевград не бил регистриран, а како да се регистрира кога Бугарија не дозволува

(Фото) Транспаренти “Македонија е бугарска“ во Благоевград за отворањето на македонскиот клуб

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ја осуди иконографијата на концертот во чест на Курти, МВР ќе истражува кој го вееше знамето со карта на „Голема Албанија„

Редакција

Момче на 20-годишна возраст загина на Галичица

Редакција

Renewable energu supply (RES) – нова инвестиција за нов квалитет на пазарот со снабдување со електрична енергија од обновливи извори  

Редакција