еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Рама и Мета го поздравија „укинувањето на ветото“ од страна на бугарскиот парламент

Претседателот на Албанија Илир Мета и премиерот Еди Рама, ја поздравија одлуката на бугарскиот парламент за „укинувањето на ветото за Македонија“.

Во објава на Твитер, премиерот Рама наведува дека повторно имал телефонски разговор со лидерот на бугарската опозиција Бојко Борисов, на кого му се заблагодарил за неговата улога во укинувањето на ветото.

Рама пишува дека неговата партија го спасила образот на Бугарија и ЕУ и ја повика унијата да дејствува брзо.

-Само што добив повик од Бојко Борисов. Не можев доволно да му се заблагодарам за доброто мислење дека ми се јави, но можев да му се заблагодарам за неговата одлучувачка улога во отстранувањето на ветото во парламентот! Вистински пријател, вистински лидер. Неговата партија ГЕРБ и другите го спасија образот на Бугарија и ЕУ! Сега ЕУ мора брзо да дејствува, напиша Рама на Твитер.

И претседател Илир Мета, кому денеска му е последен ден на оваа функција, укинувањето на ветото за Македонија го нарекува долгоочекувана вест од Бугарија.

Во реакција на Фејсбук, Мета пишува дека ова гласање и го отвори патот на Албанија за почеток на преговорите за членство.

-Конечно дојде долгоочекуваната вест од пријателска Бугарија, која отсекогаш била цврст поддржувач на нашиот процес за членство. Гласањето на бугарскиот парламент за укинувањето на ветото за Северна Македонија го отвори патот за почеток на преговорите за членство на нашите две земји. Се чекаат следните вести од состанокот на Европскиот совет, кој сè уште трае, пишува Мета.

Бугарскиот парламент денеска го одобри францускиот предлог за Македонија, но за овој предлог македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера во Брисел јасно кажа дека е неприфатлив за Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското Собрание го одобри “францускиот предлог“ за Македонија

Што пишува во предлог-решението на бугарскиот Парламент за кревање на ветото за Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За помош на населението на Украина може да донирате на 143 400 и на отворените сметки преку Црвен Крст

Редакција

Акција на МВР и Обвинителство, приведени повеќе лица меѓу кои и поранешен функционер на ДУИ

Редакција

Државен Студентски дом Скопје склучи договор со Мист енерџи еко вреден 287,8 илјади евра

Редакција