еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Рама: Кандидатскиот статус во ЕУ e „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“

Албанскиот премиер Еди Рама за емисијата „Talking Europa“ на France 24 задржувајќи се на преговорите и самитот во Брисел, вели дека Албанија не е таа што направила бавен процес кон ЕУ, туку Европската Унија е таа што го забавила напредокот на овој процес.

Кандидатскиот статус во ЕУ тој го опишува како „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“, но смета дека е во „право да ги признае Украинците како нација што прават многу за нас, зашто тие спречуваат најмногу да напредува страшна контра-реформа во светот што Путин сака да ја наметне“.

Тој додава дека повеќе не е фрустриран, туку е тажен поради неуспехот на ЕУ да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Македонија. 

– Не е Албанија која бавно напредуваше кон ЕУ, туку ЕУ забави. Не сум фрустриран, туку многу тажен поради неуспехот на Европската Унија да го  исполни ветувањето дадено на Албанија и Македонија, нагласува Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ „жестоко“ кон ЕУ: Сит сум од тие игри во регионот – се оцрнуваме едни со други, за да можат да се играат со нас како марионети

MИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донациите се во тек: Собрани половина од средствата потребни за лекување на Леонид во Австрија

Редакција

Семејството на Кико донираше 500 илјади денари за респиратор за малиот Стефан

Редакција

Чаир, Гази Баба, Бутел, Карпош, Аеродром, Сарај, Центар се уште со голем број на активни случаи со корона вирусот

Редакција