еМагазин
Image default
Балкан

Раст на премија на сите пазари и во сите сегменти на Триглав осигурување

Групацијата Триглав, водечка осигурително-финансиска групација во регионот Адриа, во првата половина од 2018 година реализираше 35,6 милиони евра добивка пред оданочување. Во осигурителната дејност оствари раст на премија на сите свои пазари и во сите три сегменти на осигурување (неживот, живот и здравствено осигурување).

Во доменот на управување со имот на клиентите, го зголеми обемот на средства со кои управува. На резулатот, кој во споредба со минатата година е понизок (индекс 84), влијание имаа масовните штетни настани, како и пониските приноси од финансиските вложувања во оваа година.

Ваквата ситуација во работењето е земена во предвид при планирањето за 2018 година. Доколку се остварат предвидените бизнис можности до крајот на годината, тогаш Групацијата на полугодие го потврдува планираниот износ на годишната добивка. Во првата половина од годината Триглав доследно ги спроведе активностите за стратегија на раст и развој, кои, меѓу останатото, вклучуваат јакнење на положбата на Групацијата како водечки управувач со имот во регионот.

Со тоа е поврзано и овогодинешното купување на мнозинскиот дел на Raiffeisen Пензиско осигурително друштво на хрватскиот осигурителен пазар. Триглав осигурање Загреб, кој е дел од Групацијата Триглав, во првото полугодие достигна 7% раст на бруто полисирана премија на осигурување (пресметано во евра) и го задржа 8-то место меѓу осигурувачите во Хрватска.

Првото полугодие Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, го заврши со 12,3 милиони евра бруто полисирана премија, што обезбеди значаен пораст од 5% во споредба со минатата година.

Профитабилно работење. Во првата половина од годината Групацијата Триглав реализираше 35,6 милиони евра добивка пред оданочување. Причина за пад на добивката во текот на годината (индекс 84) беа масовните штетни настани во 2018 година. Групацијата Триглав цени дека покрај околностите во коишто работи, до крајот на годината ќе биде реализирана планираната добивка на годишно ниво.

Раст на премија на сите пазари и сегменти. Работењето на осигурителниот сектор беше добро и Групацијата обезбеди 575 милиони евра бруто консолидирана премија, односно 5% повеќе, споредено со истиот период минатата година.

Раст на премија е реализиран на сите пазари на Групацијата, така што во Словенија во просек изнесуваше 4%, а вон Словенија 7%. Покрај тоа, се продолжува со јакнење на уделот во премија на Групацијата вон Словенија, така што на полугодието таа изнесува 18,1%, односно 0,4 процентни поени повеќе во споредба со минатата година. Гледано по поединечни сегменти на осигурување, Групацијата кај неживотни осигурувања оствари раст на премија од 6%, кај осигурувањата на живот растот изнесуваше 0,3%, додека пак кај здравствените осигурувања 8%.

Масовни штетни настани во второто тримесечје. Штетните настани се природен дел од работењето на Групацијата, а во тоа се вклучуваат и масовните штетни настани, кои со различен интензитет и учество влијаат на работењето. Во второто тримесечје од оваа година тоа беа поплави, град, невремиња и пролетен мраз во Словенија и Македонија, кои на Групацијата и предизвикаа повеќе од 21 милион евра штети, што преставуваше 9% повеќе фактурирани бруто износи на штети кај неживотните осигурувања, споредено со минатата година.

И покрај зголемувањето на штетниот коефициент, висината на комбинираниот коефициент беше поволна и изнесува 95,2%. Триглав става акцент на обезбедување на долгорочна безбедност за клиентите, што се постигнува со висината на капиталот, адекватното формирање на технички резерви, добро утврдена заштита преку реосигурување и внимателно управување со сите ризици на кои е изложено работењето на матичното и останатите 37 друштва, кои се дел од Групацијата.
Пониски приноси од финансиски вложувања.

На крајот на јуни 2018 година, Групацијата располага со 3,1 милјарди евра финансиски инвестиции, чии приноси (не вклучувајќи ги приносите од осигурениците на живот кои го преземаат инвестицискиот ризик) во споредба со истиот период минатата година беа пониски за 30%, што беше и очекувано заради единствените минатогодишни настани. Групацијата и оваа година ги задржува главните насоки на досегашните инвестициски политики.

Во правец на стратегија на раст и развој. Групацијата, во втората година од својот стратешки период 2017-2020, продолжува со доследно спроведување на своите стратешки насоки и се развива во современа, иновативна и динамична осигурително-финансиска групација, која црвсто останува на водечката позиција во Словенија и пошироко во регионот.

Една од стратешките насоки е и зголемување на препознатливоста на брендот Триглав како водечки управувач со имот на постоечките пазари, па така оваа година на хрватскиот пазар на пензиско осигурување, Триглав купи мнозински удел во компанијата Raiffeisen Пензиско осигурително друштво.
Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, г. Андреј Слапар, изјави:

„Работењето во првата половина од годината беше динамично; покрај добриот раст на премија, на работењето влијаеа масовните штетни настани, како и пониските приноси од вложувања. Од аспект на годишни и стратешки цели, задоволни сме од постигнатото. На сите наши пазари, во двете наши дејности, доследно продолживме со активностите за раст и развој.

Во средиштето на нашите активности се нашите клиенти, нашето работење го прилагодуваме на нивните потреби, ги дигитализираме и поедноставуваме нашите процеси, развиваме комплетни осигурително-услужни производи и мултиканален пристап до клиентите. Убеден сум дека енергијата, знаењето и ангажманот на целата наша екипа од повеќе од 5 илјади вработени, се добра основа за успешно реализирање на она што сме го зацртале.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Курти: Нема да дозволам ситуацијата во Косово да се дестабилизира

Редакција

(Фото) Грците го направија првото беспилотно летало

Редакција

Луѓето немаат мир: Нов силен земјотрес во Петриња со јачина од 5 степени, почувствуван и во Загреб

Редакција