еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Раст од 23,8% на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување на годишно ниво

Во првото тримесечје од годинава, во споредба со четвртото тримесечје од 2021., трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 7,5 проценти, за материјали за 10 проценти, а за вработените за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за сттаистика.

Во споредба со првото тримесечје од 2021 година, пак, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 23,8 проценти, за материјали за 29,3 проценти, а за вработените за 12,5 проценти.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено обвинение за нападот на Пендиков

Редакција

Куќен притвор за „Рекет“ за Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13

Редакција

Адинг ги објави платите на директорот и менаџментот

Редакција