еМагазин
Македонија

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Тиквешко: Заразена 15-годишна девојка

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Тиквешко, осум нови случаи се потврдени во четирите општини во изминатите 24 часа.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје потврди дека станува збор за три лица од Кавадарци и исто толку од Неготино, како и по едно од Росоман и Демир Капија.

„Тие се на возраст од 15 до 77 години, од двата пола. Највозрасниот заболен, неготинец, се лекува на инфективно одделение во Велес. Останатите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.

Само девојка на 15 годишна возраст потврдува дека претходно имала контакт со лице позитивно на Ковид-19. Останатите велат дека не знаат каде се заразиле“, рече Јовановски.

Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Надвор од болница починале 49 лица заболени од Ковид-19

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Уште еден црн ден во Македонија: Починаа девет лица од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу проговори за несреќата: „Си реков зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот“

Редакција

Ахмети тврди дека не сме далеку од договор со Софија

Редакција

Најмладото на 39 години, три се вакцинирани: Од Ковид-19 починале 9 лица, дополнително пријавено уште едно

Редакција