еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Разрешена претседателката на Судски совет, Весна Дамева – утре ќе се избира нов претседател

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска е разрешена од функцијата.

На денешната седница на Судскиот совет настана расправија откако Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред.

Нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање за нејзно разрешување, при што седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

Од Судскиот совет за МИА потврдија дека утре во 11 часот ќе се одржи седница за избор на нов претседател.

Весна Дамева беше избрана за претседателка на Судскиот совет на местото на Павлина Црвенковска во декември минатата година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во штипската болница од Ковид-19 починаа пациенти од Радовиш и Бучим

Редакција

Украина ги отфрлила преговорите, Путин дал наредба армијата да продолжи со нападите и да напредува по копнен пат

Редакција

(Фото) Медицинарите од Дебар: „Ние сме на работа, вие седете дома“

Редакција