еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Разрешни директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, кои се новите в.д. директори

Разрешен е директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана, соопшти денеска АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

На седница на Управниот одбор на ЕСМ е донесена одлука за кадровски промени со кои е разрешен и директорот на РЕК Осломеј, Златко Пиперкоски, а на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.

-Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза, најавуваат од АД ЕСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.072 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 939

Редакција

Фрлена бомба на клуб на партијата на Самка Ибраимовски, лицето кое ја фрлило се вратило да провери зошто не експлодирала

Редакција

Приведени две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Редакција