еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од следната недела редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Од следната среда ќе започне да сообраќа новата редовна железничка линија за транспорт на стока што ќе ги поврзе пристаништето во Солун и Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.

Од солунското пристаниште (ОЛТХ) соопштија дека новата услуга за комбиниран транспорт на контејнери ќе биде на неделно ниво, ќе започне на 6 септември, а возовите ќе тргнуваат од Солун секоја среда и ќе пристигнуваат во Скопје истиот ден.

Конкретната услуга, според пристаништето, е резултат на соработката на ОЛТХ со 11 приватни и јавни организации.

Извршниот претседател на Управниот одбор и извршен директор на пристаништето Танос Лиагос рече дека новата услуга е климатски неутрална, а доколку има потреба и побарувачка од клиентите, редовната линија може да сообраќа почесто.

-Новата услуга на комбиниран транспорт нуди климатски неутрален транспорт од солунското пристаниште до Скопје, што значително придонесува за намалување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) поврзани со транспортниот сектор.

Истовремено, му овозможува на ОЛТХ дополнително да ја развие поврзаноста на пристаништето, како и неговата меѓународна мрежа во областа на комбинираниот транспорт, со што Солун го приближува до клиентите во Југоисточна и Централна Европа.

Солунското пристаниште е подготвено да ја зголеми фреквенцијата на маршрутата, врз основа на побарувачката на клиентите, рече Лиагос.

Додаде дека само со континуирана модернизација на железничката инфраструктура ќе се овозможи понатамошен развој на нови и иновативни услуги за комбиниран транспорт.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку акции во Хотели Метропол поседува Драган Наков?

Редакција

Истрага „Подарок“ на СЈО: Како Ставрески и Јанакиески го оштетиле Буџетот за 33 милиони евра

Редакција

„Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Универзитетот „Гоце Делчев“ за набавка на струја вреден 121.000 евра

Редакција