Министерството за здравство ја информира јавноста дека од страна на ПЗУ Синлаб до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон, (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен пациент од Општина Зајас.
„Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во РСМ.
Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
40-годишна жена во Македонија истовремено заразена и со Ковид-19 и со грип
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.