еМагазин
Image default
Македонија

Река повика граѓаните масовно да излезат на 5. мај, на кој му даде подршка?

Поранешниот кандидат за претседател на државата, Блерим Река на Фејсбук ги повика граѓаните на 5. мај да излезат масовно на гласање, за, како што рече тој, да го спасат евро-атланскиот процес.

“Во пресрет на вторито круг на гласањето за председател, дозволете ми уште ендаш да Ви се заблагодарам за вашите гласови за мојот концепт за “Една Република за сите, со законот над сите”: како члeнка на НАТО и ЕУ.

Близу 80.000 гласови, за само 3 недели во политиката и не се малку, oсобено дадени на претседателски избори со досега најниска излезеност (42%) и највисок број на незажечки гласачки ливчиња (33.000!).

Почитувајќи ги вашите гласови, уште ендаш ќе повторам: тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на Вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг. Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата председателска кампања: јас, не сум трговец со вашите гласови и нема да Ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела.

Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб владеење на правото. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партиските лидери како обични трговци со гласовите на народот?

Од моја страна, јас би Ве замолил да на 5. мај, излезете масовно на гласање, за Да покажеме дека сме одлучувачки фактор во Еуро-Атланскиот процес“, пишува Река.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица: Резултатите од Пописот се фалсификувани и штелувани

Редакција

Охрид има рок до февруари да се справи со дивоградбите, ако не УНЕСКО ќе го стави на листата на загрозени подрачја

Редакција

Двајца повозрасни македонски туристи се удавиле на плажата Спиле, кај Драч

Редакција