еМагазин
Image default
Балкан

Рекорден број на заразени со Ковид-19 во Косово

Во последните 24 часа во Приштина се обработени 429 сомнителни примероци на Ковид-19 од кои 195 биле позитивни, јави РТС повикувајќи се на Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на позитивни случаи на Косово од почетокот на епидемијата изнесува 3.703 од обработени 25.674 примероци.

Од Ковид-19 починале 79 лица кои имале и други болести.

Во изминатото деноноќие излекувани се уште 44 пациенти, со што вкупниот број на оздравени изнесува 1.946. Во моментов има 1.678 активни случаи.

Најмногу новозаразени има во Приштина каде од 21 до 5 часот наутро има полициски час. Полицијата ги контролира влезовите и излезите од градот.

Слични мерки има и на приодите до Урошевац, Призрен и Вучитрн, каде исто така во сила е полициски час.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ја затвори границата за Србија, Црна Гора со карантин за Србите, Македонија анализира

(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за Ковид-19 на туристи на грчката граница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телеком Србија го продолжува партнерството со SES

Редакција

Србија трета во Европа и седма во светот по бројот на вакцинирани

Редакција

(Видео) Далмација отсечена поради снежно невреме, се извлекуваат заглавени, отворени прифатни центри

Редакција