еМагазин
Image default
Македонија

Ременски: Пратениците да преземат одговорност за иднината на државата

Потпретседателот на Собранието, Фросина Ременски на прес-конференција попладнево ги повика пратениците од сите политички партии да преземат одговорност за иднината на државата, откако Владата најави дека доставува до Собранието на Република Македонија нацрт амандмани за уставни промени како чекор од Преспанскиот Договор.

„Членството на Македонија во НАТО и ЕУ е стратешка определба, врвен национален и државен интерес. Над 80 отсто од граѓаните и над 90 отсто од оние кои гласаа на референдумот се за НАТО и ЕУ и волјата на ова огромно мнозинство граѓани треба да биде испочитувана од страна на пратениците во Собранието“, рече Ременски.

Договорот, посочи, ги отвора вратите за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и зајканат идентитет.

„Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНЕ се должни да ја следат мнозинската волја на граѓаните и да обезбедат иднина“, потенцира Ременски и ги повика пратениците кои се за НАТО и ЕУ да преземат одговорност во тоа име, во име на граѓаните кои ги избрале, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени.

Таа рече дека ова е шанса за сите пратеници, заеднички да обезбедат сигурна и стабилна иднина за граѓаните, за нашата заедничка татковина Република Македонија, како членка на ЕУ и НАТО. Никој, посочи, не треба да се надева или да очекува амнестија.

„Македонија е правна држава, а расчистување на секаков вид криминал е приоритет. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја блокира иднината, тогаш не преостанува ништо друго освен организирање предвремени парламентарни избори веднаш. Нема бегање од одговорноста, волјата на мнозинството граѓани мора да биде и ќе биде испочитувана. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО“, додаде Ременски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека согласно Деловникот за работа на Собранието по примањето на предлог кон пристапување за измени и дополнувања на Уставот на Република Македонија претседателот на Собранието кој и претседава со надлежната Комисија за уставни прашања во роковите утврдени во Деловникот ќе ја закаже седницата.

Во Деловникот, нагласи, се утврдени роковите за дискусија по предлог одлуката и после нејзиното завршување во матичната Комисија за уставни прашања ќе биде закажана и пленарната седница.

„Очекуваме тоа да се случи деновиве, да ја знаеме динамиката, таа ја утврдува претседателот. До ставањето на точката на дневен ред на матичното работно тело и на пленарната седница сите пратеници кои се за членство во ЕУ и НАТО треба да пристапат кон својата одговорна должност, да не калкулираат со своите политички и партиски кариери, туку да пристапат кон исполнување на оваа света должност за иднината на државата и на идните генерации“, посочи Ременски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека не смета дека Собранието треба да пристапува кон организирање тајно гласање затоа што, како што рече, сепак на крајот треба сите да застанат исправени пред сопствената одговорност за тоа каква одлука донеле.

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство со детали од истрагата за сообраќајната несреќа во која загинаа 14 лица

Редакција

Артан Груби: Иванов и ВМРО-ДПМНЕ први да постават двојазична табла пред нивните седишта

Редакција

Карантински продолжен викенд: Следната недела се очекува отворање на ресторани и кафулиња

Редакција