еМагазин
Image default
Бизнис

„Реплек АД“ ги зајакнува извозните позиции и освојува нови пазари

„Реплек АД“ ги зајакна своите извозни позиции на пазарите во Европската унија, проширувајќи го портфолиото на производи кои се достапни во овие земји. Компанијата истовремено го продолжи и својот пробив во Африка и Азија, па покрај присуството на повеќе од десет азиски пазари, наскоро ќе биде присутна и на пазарот во Јордан, информираат од таму.

Зајакнувањето на извозните позиции е резултат на извозната стратегија, која преку диверзификација на извозот и позиционирање на брендовите цели кон создавање на нова додадена вредност за компанијата.

За прв пат е осигурен и извозот на одредени пазари, со што се намалуваат евентуалните ризици, што е од исклучително значење во услови на здравствена и политичка криза.

Компанијата започна и развоен циклус за модернизација, дигитализација и унапредување на деловните процеси, а се планира и проширување на портфолиото, како и модернизирање на нивниот корпоративен визуелен идентитет.

Компанијата веќе започна со имплементација на иновативни решенија и зголемување на капацитетите. Инвестициите во нови погони се во завршна фаза и до крајот на пролетта ќе бидат ставени во функција.

„Нашата визија е да ги задржиме вредностите на компанијата, но и да направиме нивен спој со нови иновативни решенија кои ќе резултираат со поголема продуктивност и ефикасност во работењето преку дигитализација, нови производи и освојување на нови пазари.

Истовремено ќе создадеме подобри услови за нашите вработени, овозможувајќи континуирана едукација и доусовршување. Сите овие процеси ќе придонесат за унапредување на резултатите од нашето работење.

Преку инвестициите ќе го подигнеме квалитетот на нашето портфолио и ќе освоиме нови стратешки пазари што ќе ја зголеми вредноста на компанијата. Промените кои храбро ги отпочнавме веќе ги даваат првите позитивни резултати, што е значајно и за нашата компанија, но и за акционерите и за заедницата во целина“, истакна Душан Пецовски, претседател на Управниот одбор на „Реплек АД“.

Стратешка определба на „Реплек АД“ е пазарот на Европската унија, пазарите на земјите од Евро-азискиот економски сојуз (ЕАЕС), пазарите на земјите членки на Асоцијацијата на југоисточните азиски нации (АСЕАН) и други. Покрај пробивот на нови пазари, „Реплек АД“ ќе работи и на подобро позиционирање на своите производи на домашниот и регионалните пазари.

„Реплек АД“ е извозно ориентирана компанија која на странските пазари пласира 75 отсто од своето производство, додека останатиот дел од 25 проценти отпаѓа на домашниот пазар. Производите на компанијата се присутни во повеќе од 25 пазари во целиот свет.

Најголеми пазари на кои се присутни производите на Реплек АД Скопје, покрај оние на земјите од ЕУ, се и пазарите на Русија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Грузија, Виетнам и други.

„Реплек АД“ вработува околу 500 лица, а компанијата е основач и на „Реплек Фарм“, која од 2011 година го поседува ГМП сертификатот на Европската Унија за добри производни практики во фармацевтската индустрија. Овој сертификат гарантира дека лековите на компанијата се целосно усогласени со највисоките светски стандарди во оваа индустрија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Редакција

Управата за извршување на санкции вработува 18 лица, плата до 24.402 денари

Редакција

Струшки „Илинден“ го доби тендерот на ЈП за одржување патишта за набавка на битумен вреден 8,5 милиони евра

Редакција